ЖивотУбави совети

Подгответе крофни од јаболка на брз и лесен начин!

Потребни состојки: 3 црвени јаболка, 100гр брашно, 4 јајца, 3дл млеко, 70гр шеќер, 30гр скроб, половина пакетче ванилин шеќер, 1 лимон, шечер во прав, масло и сол.

Подготовка: Загрејте 2дл млеко со малку кора од лимон. Изматете 3 жолчки со половина од шеќерот и додајте ги скробот и ванилиниот шеќер. Изрендајте ја кората од лимон и додајте ја во млекото. Мешајте го и оставете го да се вари неколку минути. Тргнете го од оган, префрлете го во сад и оставете го да се олади. Настраната изматете ја останатата жолчка со останатиот шеќер, брашното, малку сол и 1дл млеко. Измешајте добро за да добиете хомогена смеса и оставете ја во фрижидер 30 минути. Излупете ги јаболката, исечете ги на кругови дебели 1см и полијте ги со сок од лимон. Отсечете ја средината со дијаметар од 1см. Во тестото додајте една изматена белка, а потоа круговите јаболка извалкајте ги во тестото. Пржете ги на врело масло. Посипете ги со шечер во прав и сервирајте ги.

Добар апетит!

Поврзани статии

Back to top button