ЖивотУбави совети
Подгответе домашен и здрав кечап
Домашниот кечап е многу повеќе квалитетен и здрав за разлика од оној купечкиот кој е полн конзерванси. Бидејќи нема дете кое не обожува кечап ние ви нудиме брз и едноставен рецепт за домашно и здраво приготвен кечап за вашите најмили и секако за вас.
Потребно е: За секој литар густо сварен домат треба да подготвите по 10гр сол, 20гр шеќер, децилитар вински оцет, една главица иструган кромид, две чешлиња лук, малку сенф, црн пипер и ловоров лист.
Во густо сварениот домат се додаваат сите овие состојки и се вари уште 15 минути и потоа врелиот кечап се собира во стаклени шишиња со широк отвор или во тегли. Тие се покриваат со ткаенина и се оставаат така да се оладат.