ЖивотУбави совети

Подгответе вкусен карамел десерт!

Секој ден е совршен за вкусен десерт! За денес одбравме карамел обланди.

Подготовка: 1кг шеќер, 100гр млеко во прав, 500гр вода. Млекото се меша со малку вода во густа глатка смеса и се додава во водата. Шеќерпт 200-250гр се пржи додека не се добие убав румен карамел, потоа се додава приготвеното млеко и останатата количина шеќер. Се вари додека не се добие густ карамел, а откако ќе се олади се премачкуваат обландите и се редат една врз друга. Горната кора не се премачкува. Се притиснуваат со нешто потешко за потполно стегнување. Се сече на коцки, штангли. По желба може помеѓу премачканите кори да се додадат мелени ореви.

Предноста на припрема на обландите со млеко во прав е во тоа што се користи помала количина сува млечна маса со што добиваме помлечен карамел, а воедно времето на варење на карамелот е околу 30минути, а со обично млеко повеќе од 1час. Пржењето на шеќерот дава поинтензивен вкус на карамел. Овој колач е подобар откако ќе отстои еден ден.

Поврзани статии

Back to top button