Подаруваме ваучер за гратис професионална шминка за една наша верна читателка!
Драги наши идни матурантки, сега е идеално време да започнете со размислување и планирање за досега најлудата ноќ за вас – матурската вечер! Знаеме дека различни идеи за модниот аутфит ви летаат низ глава, но свесни сме и дека за да блескате од глава до петици потребна ви е супер професионална и уникатна шминка. Со професионална шмина, пола работа ви е завршена, верувајте ни!
Зорица, девојката чии настапи гледате на малите екрани и ве забавува со својот ултра препознатлив и добар вокал на вечерните излегувања, исто така има и златни рачиња кои имаат способност да ги истакнат најубавите црти од вашето лице со помош на професионална шминка. ubavo.mk во соработка со Зои Блаж и STAR Make Up доделува гратис професионална шминка за матурската вечер на една идна матурантка!