ДомУбави совети

Погледнете која боја ќе ја одбележи 2018!

Ако планирате во новата година да го освежите и декорирате просторот во кој живеете, видете која боја ќе биде апсолутен тренд кога станува збор за внатрешна декорација.

Љубителите на уредување на ентериерот секогаш со нетрпение чекаат од Институтот за боја Пантоне да објават која боја ќе биде вистински хит следната година.
Минатата година, тренд беше зелената боја, а според Институтот Пантоне, бојата на годината за 2018 година ќе е прекрасна темна нијанса на виолетова боја.

Енигматичните нијанси на виолетовата боја одамна биле симбол на неконвенционалност и уметничка брилијантност. Таа боја влегува во сите сфери од модата до ентериерот.

Полна емоции, симбол на експериментирање и неформалност. Ги поттикнува поединците да измислат своја единствена трага со која ќе го воодушеват светот и ќе ги поместат границите преку креативно изразување.

Поврзани статии

Back to top button