Погазивме се што им било свето на нашите предци, затоа сме и и ние погазени…
Медот е многу пријатен. Но ако некој изеде многу може да му предизвика повраќање. Така е и со духовните работи, не треба без расудување да се надминуваат сопствените способности,
Прави го само она за што си кадарен. Тоа сака Бог. Останатото ќе го надополни Он со својата благодат.
Зашто постои опасност да паднеш во очајание читајќи за возвишените состојби до кои дошле светиите.
Напредувај во духовниот живот со смирени мисли и Бог нема да те остави. Не настојувај да достигнеш духовна состојба која ги надминува твоите моќи зашто така сигурно ќе паднеш и тој твој пад ќе го искористи ѓаволот.
Св. Исак Сирин
Како што од срцето потекнува се што е добро, така од него потекнува и се што е лошо.
Каков си во срцето, таков си и пред лицето Божјо.
Св. Теофан Затворник
Ако во нас видиме нешто темно, тоа е затоа што светлината продрела во нови длабочини од нашиот живот.
Митрополит Антониј Сурожки
Не заборавај да ја повикуваш на помош Мајката Божја, зашто таа е наша Прва Помошничка.
Старец Сава Псково-Печерски
Погазивме се што им било свето на нашите предци, затоа сме и и ние погазени.
Имаме училишта без вера, политика без почитување, војска без патриотизам, држава без Божји благослов. Затоа ни пропаднаа и школите и политиката и војската и државата!
Св. Владика Николај Охридски и Жички
Не ја избегнувај Црквата. Од неа во светот нема ништо појако. Таа е твојата надеж, во неа е твоето спасение.
Св. Јован Златоуст
Живејте таму каде што ве довел Бог и ништо друго не барајте. Ниту во манастир сите се спасуваат ниту во светот сите гинат. Така живејте, сострадувајќи едни за други и носејќи ги своите и немоќите на своите ближни.
Отец Јован Крестјанкин