ЖивотУбави совети

Пијте вода и слабејте – вистина или мит?

Сите знаеме дека водата е неопходна за правилно функционирање на организмот. Покрај тоа што едноставно не би можеле да преживееме без неа, водата влијае на многу процеси во нашето тело. Го забрзува метаболизмот, помага во исфрлање на токсините, го спречува создавањето на камења во бубрезите, ја зголемува енергијата, влијае на изгледот на кожата, косата и ноктите.

Со сето горенаведено, со години слушаме за тоа како водата за пиење е пресудна за губење на вишокот килограми. А дали е тоа вистина, ни откриваат експертите.

Вода и слабеење – вистина или мит?
Дури и најмала дехидрација доведува до замор, нервоза како и главоболки. Во тие моменти луѓето често посегнуваат по храна која ги прави среќни, како што се јаглехидратите и слатките. Причината лежи во фактот што јаглехидратите лесно се варат и брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што го лачи и хормонот на среќата. Истото, секако, важи и за внесот на слатки.

Меѓутоа, лачењето на премногу гликоза предизвикува таа да се акумулира во црниот дроб и мускулите, што доведува до зголемување на телесната тежина. Тоа дополнително значи дека со пиење доволно вода во текот на денот ги намалуваме „нападите на глад“ и потребата од грицки и слатки. Освен тоа, водата не прави посити, а за време на оброците внесуваме помали количини храна. Исто така, истражувањата покажаа дека водата може да го забрза метаболизмот до одреден степен.

Од сето горенаведено, се извлекува логичен заклучок: водата може да влијае на губење на тежината. Сепак, ова не треба да биде единствената и главната причина за пиење вода. Правилното функционирање на организмот доведува до силен имунитет и целосно чувство на благосостојба.

Покрај пиењето доволно вода, за здрава телесна тежина неопходна е комбинација од урамнотежена исхрана и редовна физичка активност.

Поврзани статии

Back to top button