ЖивотУбави совети

Пикантна крем салата

Пикантната крем салата можете да ја послужите со печено месо и со домашни солени стапчиња. Идеална е за дополнување на празничната трпеза.

Потребни состојки: 300гр сирење, 1 печено луто пиперче, 2 печени пиперки, 2 чешниња лук, 2 лажици кајмак, 2 лажици масло, 2 лажици црвен пипер, 1 лажица лут црвен пипер.

Благите црвени пиперки и лутото пиперче излупете ги, исчистете ги од семки и исечкајте ги на мали коцки. Лукот испасирајте го. Во чинија соединете го сирењето издробено заедно со кајмакот. Додајте го мелениот црвен пипер па убаво измешајте. Потоа додајте го пасираниот лук и исечканите пиперки, додадете масло и измешајте со лажица. оставете ја салатата да се излади во фрижидер пред да ја сервирате.

Поврзани статии

Back to top button