Од насУбави муабети
Пак ме сонуваше, нели?
Глас – Гане Тодоровски
Пак ме сонуваше, нели?
Не реков: не! Не пуштив гласен крик.
Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
секој ден, секој час, секој миг.
Сон биди, сон што ме мами,
сон в денот, ден в сонот, сон будно бладање,
за да се разберам колкав сум самик,
за да зачекорам в честакот Човечко Страдање.
Пак ме сонуваше, нели?
Да реков: да, ќе пуштев гласен крик,
Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
сон вечен, вечна недостиг.