ЖивотУбави совети

Отстранете го непријатниот мирис на нозете

Миризбата на нозете мора што поскоро да ја отстраните. Ние ви приготвивме неколку едноставни, а ефикасни решенија во продолжение.

Талк од ориз: Чаша суров ориз смелете во мелница за кафе па пресипете го во кесе. Во кесата ставете топче вата наквасено со етерично малсо по желба, па потоа добро затворете го за пудрата да го впие мирисот. Од овој талк ставете во чевлите и премачкувајте ги стапала по секое миење.

Комбуха: Во 2 литра топла вода ставете две лажици јак одвар од чајна печурка. Правете бања на нозете секојдневно по половина час. За поефикасен ефект не премивајте ги и не бришете ги стопалата.

Сол, сода и хиперманган: Во 2 литри топла вода ставете две лашици сол, половина лажица сода и неколку кристалчиња хиперманган. Сето тоа растворете го целосно. Околу 5 минути киснете ги нозете во смесата а потоа измијте ги со антибактериски сапун. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

 

Поврзани статии

Back to top button