ЖивотУбави совети

Осум вистини за модерните врски!

Во модерново време, излегувањето и врските повеќе не се ниту слични на оние од порано. Комуникацијата се одвива исклучиво преку смс пораки и други социјални мрежи, луѓето се премногу затворени и недостапни, или пак само се обидуваат да остават таков впечаток. Прочитајте како навистина изгледаат како модерни врски.

  1. Личноста која е помалку заинтересирана, или само така глуми има поголема моќ во врската.
  2. Затоа што сакате да покажете колку сте опуштени и незаинтересирани, на пораките враќате неколку часа покасно, а понекогаш дури и после неколку дена.
  3. Телефонските разговори практично исчезнуваат. Поголемиот дел од вашата комуникација е преку СМС, што е исклучително безличен начин на интеракција.
  4. Дали вашите постапки ќе бидат протумачени како романтични или ужасни зависи од тоа колку и се допаѓате на другата личност. Ништо друго не се земе предвид.
  5. Многумина сакаат само секс, и ако сте вие заинтересирани за повеќе од тоа, не очекувајте дека партнерот ќе ви соопшти на време што сака. Прво ќе го добие она што го сака и тек тогаш ќе ве информира за неговите намери.
  6. Социјалните мрежи создаваат нови искушенија за верност. Приватните пораки и лајковите на фотките не се изневерување, но тие ја зголемуваат шансата да дојде до тоа.
  7. Секоја врска што ја стартувате може да прерасне во брак или во раскинување. За современите сваќања, двата исхода се подеднакво страшни.
  8. Најверојатно, нема да знаете каква навистина е личноста додека не започнете врска. Луѓето имаат тенденција да не го покажат своето вистинско лице од страв да не бидат прифатени и да не изгледаат здодевно и премногу фино.

Поврзани статии

Back to top button