Ослабете 2 килограми за еден ден со детокс бомба: млеко-чај
Доколку сте заглавени со времето, а ви требаат некој килограм помалку, решението е детоксикацијата од млеко-чај.
Зелениот чај се смета за најквалитетен топол пијалок од билки, особено во регулирањето на тежината и топењето на масните наслаги преку процесот на детоксикација. Зелениот чај во процесот на слабеење доби дополнителна популарност преку еднодневната диета млеко-чај со која можете да изгубите до 2 килограми за еден ден, а потоа да ја одржите тежината.
Суштината на комбинацијата на зелен чај и млеко е во тоа што можете да се ослободите од 2 килограми вишок течност од телото, а диетата се препорачува максимум еден ден, но не почесто два пати месечно. Контраиндикации може да се појават поради нетолеранција на млеко, болести на бубрезите и жолчното кесе и низок крвен притисок.
Еднодневен диетален рецепт
Состојки:
1,5 литри домашно или безмасно кравјо млеко
2 лажици квалитетен зелен чај
Подготовка на пијалок за детоксикација:
Додадете 2 лажички зелен чај во варено и изладено млеко на 70 степени. Покријте и оставете да отстои 20 минути. Потоа процедете и пијте. Овој пијалок пијте го по една шолја на секои 2 часа во текот на денот.
Чајот со млеко подобро се апсорбира, бидејќи чајот го олеснува варењето на млекото, а млекото ги ублажува ефектите на кофеинот.
Во меѓувреме пијте негазирана вода. Не внесувајте дополнителна храна или пијалок. Нема да чувствувате глад, бидејќи комбинацијата на млеко и чај го ослободува телото од чувството на глад. Треба да пиете најмалку 2 литри вода дневно, секако, бидејќи зелениот чај е силен диуретик, а водата го контролира балансот во организмот.