Од насУбави муабети

Осаменоста доаѓа на гости ненајавена…

Има некои луѓе кои толку многу сакаат, чувствуваат толку многу и им се предаваат на другите до последната капка … 

Знам како е да си емоционално исцрпен. Ако се обидете да им објасните на другите, нема да успеете. Како да се најдат зборови за: “Чувствувам буквално се многу длабоко, давам се од себе, што понекогаш чувствувам празнина во мене…”

Тоа е како да се разбудите уморни и исцрпени науто бидејќи три часа од сонот сте се бореле со познатото чувство на осаменост.  И гледате како сите околу вас ви се чудат, се прашувате што правите погрешно?! Чудно е тоа како не можете да престанете да бидете толку чувствителни, да верувате и да се предавате без резерва. Сите околу вас кои ве почитуваат сакаат да верувате и да бидете помалку чувствителни.

Има такви луѓе кои покажуваат непоколеблива сила кога им помагаат на другите а не можат да сфатат како да си помогнат сами на себе.

Тоа се луѓе кои ги кријат солзите од сите. Тоа се луѓе кои се чувствуваат осамени во толпата. Тоа се луѓе кои гледаат луѓе заљубени и се прашуваат кога тоа ќе им се случи и на нив. Знам дека колку повеќе луѓе веруваат во тебе толку помалку ти веруваш во другите. Знам, тешко е и заморно. Понекогаш мислите дека нешто не е во ред со вас, затоа што толку многу сакате. Но, не знаете поинаку.

Луѓето се восхитуваат на вашата големина, бестрашност, љубов, грижа, но тие не гледаат колку ви се уморни очите, колку е потрошена вашата верба, колку е голема вашата осаменост…

Сакам да знаете дека не сте како сите други. Сакам да знаете дека вашите блиски се горди на вашата сила.

Тоа еден ден ќе ви се исплати, и ќе го сретнете оној кој ќе умее да ве исполни како вие што ги исполнувате другите.

Во меѓувреме, бидете упорни. Продолжете да се држите за тоа парче на вербата и љубовта која се уште постои во вас. Продолжете да бидете свои и да не се менувате.

Има нешто во вас кое е многу ретко. Бидете свои, и кога вашата осаменост ќе се сретне со оној кој ќе ја препознае во вашите очи гласно речете: “Конечно!“.

Поврзани статии

Back to top button