Омлет од сладок компир за ден полн енергија!
Омлет од сладок компир е идеален избор за појадок, особено ако ве очекува напорен ден.
Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави или расипе денот. Покрај тоа што е многу важно да јадете нешто во првиот час по будењето, подеднакво е важно што ќе биде тоа.
Појадокот ни дава шанса да го започнеме денот на здрав начин. Со овој рецепт за појадок ги внесувате потребните минерали и витамини, го контролирате нивото на шеќер во крвта, одржувате здрава телесна тежина и ќе имате повеќе енергија.
Во основа, здравиот појадок треба да содржи цели зрна, протеини, како и овошје и зеленчук. Подолу ви претставуваме пример за здрав и урамнотежен прв оброк во текот на денот.
Состојки:
½ сладок компир претходно печен во рерна
3 лажици соја
¼ сецкано авокадо
1 млад кромид
¼ лажици куркума
1 лажичка маслиново масло
2 поголеми јајца
бибер, по вкус
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте сладок компир, соја, авокадо, сецкан млад кромид, куркума, сол и бибер.
- Загрејте го маслиновото масло.
- Во посебен сад, изматете две јајца и истурете во тавата, нежно мешајќи.
- По 25 секунди, тргнете ја тавата од оган, додадете ги другите состојки и вратете на рингла.
- Печете уште половина минута од двете страни.