ЖивотУбави совети

Од кога не сте се насмеале?

Смејте се често, смејте се гласно! 

Како програмер изразува сочуство? – Прими ја мојата техничка поддршка.

Влав, нерасположен, депресивен ,апатичен, доаѓа кај психолог и се жали на својата состојба. Психологот го потпрашува, одоколу, па дирекно и на крај му вели:
Тебе проблем ти е што одамна не си потрошил пари, оди потроши пари и дојди на контрола за три дена.После три дена доаѓа истиот пациент, пее , свирка, подскокнува, весел дури и еуфоричен.
Влав: Докторе, алал да ви е, и дијагноза ми поставивте и успешна терапија ми дадовте!
Доктор: Колку пари потроши?
Влав: 12,300 денари
Доктор: Браво бе, што си купи?
Влав: 200 евра докторе​!

Трпана го прашува малиот Трпе: – Сине, како помина на натпреварот по правопис? -Незнам

Си зборуваат децата на мафијаши:
Кај мене вчера дојде Дедо Мраз.
Да, бе, тој не е вистински.
Вистински е, проверив.
Како?
Го прашав – колку чини Снежана за една ноќ, а тој вели – 50 евра. Веднаш е јасно дека е од шумата – не ги знае цените.

Како се викаат луѓето кои се среќни во понеделник? – Невработени.

Оди млад човек во матично: – Можe да закажам венчавка за во вторник? – Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник? – Е па за да не си го расипам викендот.

 

Поврзани статии

Back to top button