ЖивотУбави совети

Од дома проверете дали срцето ви е здраво

Најдобро е оваа проверка да ја направите наутро, веднаш штом ќе се разбудите. Измерете си го пулсот допирајќи со два прста од внатрешната страна на рачниот зглоб, од кај страната на палецот. Гледајќи на часовник, избројте ги отчукувањата во интервал од 15 секунди. Помножете го тој број со 4 и одредете ја фрекфенцијата на срцето во мирување ( бројот на отчукувања во една минута кога не сте физички активни). Потоа, станете од креветот и вежбајте три минути. Застанете и веднаш пак измерете си го пулсот. Одморете се три минути а потоа уште еднаш измерете го пулсот.

Народски речено, колку пониска е фрекфенцијата на срцето во мирување толку е поделотворно срцето. Спортист може да има срцева фрекфенција во мирување од 40 до 60 отчукувања во минута, а кај просечно здрав човек изнесува помеѓу 60 и 70. Пулсот во мирување над 90 отчукувања во една минута може да упатува на анемија или на претерано лачење на хормонот на штитната жлезда, но, имајте на ум дека разни лекови, болести и стресот можат повремено да го зголемат отчукувањето на пулсот. Ако две-три минути по вежбањето пулсот започне да се зголемува на 90-120 отчукувања во минута, тоа значи дека вашето срце адекватно закрепнува од напорот. Ако му треба подолго време за да ја забави својата работа, тогаш сте во прилично лоша форма. Ако пулсот е забрзан и по еден час од престанувањето на физичкиот напор, тогаш сте во исклучително лоша кондиција.

Ако сакате да бидете во подобра телесна форма засилете си го срцето со редовна физичка активност. Можете да си олесните со брзо одење, пешачење, трчање, возење велосипед и утринско вежбање барем три пати во неделата по еден час.

Поврзани статии

Back to top button