Одмор за сечиј вкус на Егејско море
Оваа дестинација ќе ви понуди прекрасни плажи, неверојатни глетки, вкусна храна, традиција, историја и неверојатни пејзажи.
Островот Скијатос е сместен во Егејското море на северозапад и се протега со должина од 12 и ширина од 6 километри.
Овој мал бисер на Егејот кој припаѓа на групата острови наречени Северни Споради ќе ви ги разгали сите сетила и ќе ви овозможи прекрасен одмор. Со своите многубројни плажи, густите борови шуми, рестораните, ноќниот живот кој навистина вреди да се искуси, манастирите, улиците исполнети со бутици, таверни, златари, сувенирници ќе ви покаже дека сте ја избрале вистинската дестинација за одмор која може да ги задоволи различните вкусови.
На Скијатос мора да ги посетите Музеј-куќата „Пападиамантис“, која го слави животот и делото на славниот грчки писател Александрос Пападиамантис, замокот Кастро кој е голема карпа во морето, полуостров на којшто некогаш се наоаѓал средновековниот град Скијатос, манастирите Панагиа Иконистра и Евагелисмос Теотоку и црквата Агиа Анастасиа.