ЖивотУбави совети
Одберете мед за витка става!
Многу жени водат битки со вишокот килограми. Пробуваат различни диети кои најчесто имаат јо-јо ефект. Гладуваат со денови. Но, диетата со која ќе ве запознаеме денес нема да ве остави гладни. Всушност, можете да јадете речиси се, без одрекување.
Наутро, штом ќе се пробудите изедете една лажица мед помешана со малку цимет. По десетина минути испијте чаша вода. Водата не смее да биде студена.
Откако ќе го изедете појадокот, во следните осум часа, слободно јадете без грижа на совест. Препорачливо е да ги избегнувате алкохолните и газираните пијалаци.
Пред спиење, задолжително напијте се чаша јогурт со ниска масленост.