Овој знак е сосема поинаков од тоа како се претставува и изгледа…
Доколку покрај себе имате припадник на овој хороскопски знак морате да ги знаете овие негови карактерни особини – за кои никогаш не зборува. Можеби Раковите се молчеливи и не пуштаат никој во својот свет, можеби Шкорпиите се таинствени, но никој како овој знак не покажува една слика за светот додека сосема друга има внатре во себе. Затоа, без разлика дали Девицата е ваш партнер, колега или пријател добро е да ги знаете овие работи:
Девиците се многу чувствителни, бидете внимателни- тие знаат дека се премногу чувствуителни па даваат се од себе да го контролираат тоа. Толку многу чувствата ги потискаат што за нив нема да дознаете се до моментот кога ќе “пукнат”. Важно е на Девиците да им овозможите чувство на сигурност, да ги сослушате и да им бидете максимална поддршка за се во животот. Молчат, толерираат и умеат да носат на грбот туѓи гревови и проблеми, но кога ќе експлодираат тешко е да се смират.
Кажете што мислите, мислете што ќе кажете. Тие не сакаат ментални игри и не уживаат во претпоставки. Бидете искрени со нив, но вистината кажете им ја во блага форма и во право време.