Овие 4 знаци ги чека пеколен јуни, а овие датуми се особено опасни
Павел Глоба, руски астролог, чии предвидувања се многу популарни на интернет, открива кои знаци ќе имаат среќа во јуни, а кои нема да имаат лесен месец.
Глоба тврди дека јуни е месец во кој најмногу успеси ќе имаат работохоличарите, но истакна и дека доколку сте еден од нив, внимавајте на своето психофизичко здравје.
Астрологот нагласи дека најбаксузни датуми ќе бидат 5 и 6 јуни, додека најповолни се 16, 17, 23 и 30 јуни.
А еве го неговиот краток осврт за тоа што го чека секој знак овој месец.
Во јуни на Овенот му се советува повеќе да внимава на партнерот и да ја негува врската со него, во спротивно неизбежни се фатални конфликти. Партнерот долго време забележува дека повеќе не сте блиски како порано и овој проблем сериозно ја загрозува вашата врска.
Првиот летен месец носи големи неволји за Биковите, кои може да имаат проблеми со кариерата, а некои ќе мора да избираат помеѓу деловен и приватен живот.
Близнаците можат да очекуваат нови познанства, главно од романтична природа. Постои шанса да се сретнете со вистинска љубов, а за оние кои се веќе во врска, корисно ќе биде да работите на своите вештини за избегнување конфликти.
Јуни ќе биде добар месец за Раковите. Овој месец отвора нови можности и на професионален и на љубовен план.
Лавовите чекаат многу активен месец. За да останете на врвот, во јуни ќе мора постојано да бидете во центарот на вниманието и да работите напорно за да го постигнете посакуваниот успех.
Девиците се големи работохоличари, но Глоба ве советува да одржувате рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот во јуни. Не заборавајте на сопствените интереси и не вршете притисок врз партнерот.
Астрологот за хороскопскиот знак Вага предупреди на кавги во семејството. Работете на себе кога станува збор за комуникација и такт, тогаш ќе можете да воспоставите корисни контакти и социјални врски.
Скорпиите треба да внимаваат да не даваат ветувања кои не можат со сигурност да ги исполнат.
Глоба предвидуваше средби со минатото за Стрелците, а ветувачки познанства за Јарците.
Водолијата и Рибите ги очекува неверојатен бум во јуни. Месецот ќе помине без многу изненадувања, а вие ќе бидете пријатни и добри.