ЖивотУбави совети

Овие луѓе се плашат од светот, од животот и од новото утро!

Вие сте многу чувствителна и емотивна личност. Постојано ги криете своите емоции мислејќи дека така се браните од светот. Често пати се затварате во свој свет, со огромни ѕидови, го избегнувате светот бидејќи се плашите од неуспеси и измами.

Тој ваш таен свет е тешко да се открие. Во детството најсигурно сте се чуствувале во домот покрај своите родители, а сега веќе се обидувате тој мир да го создадете сами и затоа градите безбедни и високи ѕидови околу вас.

Не сте активни, не сте борбени а не сте ниту реални. Стравот кој го поседувате не ви дозволува да одите напред и да доживеете нови искуства. не ташкате ниту во место, едноставно од големата доза на страв како да се враќате назад, на сигурно.

Се задовлувате со состојбата која е моментална, не се трудите да ја поправите или измените. Не сакате ни себе си да се промените. Стравот од непознатото кои го поседуваат луѓето родени во знакот на Рак е сосема разбирлив, бидејќи често сте се сретнувале со непријатности и грижи кога сте одлучувале да направите нов чекор.

Вие сте сонувачи, сакате да размислувате, но време е да се соочите со животот лице в лице. Време е да живеете онака како што посакувате, да го заборавите стравот и со гордо крената глава да зачекорите кон нови искушенија и предизвици.

 

 

 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button