ЖивотУбави совети
Ова е единствениот начин да добиете ИНТЕНЗИВНА ЖОЛТА боја на јајцата: Овој зачин измешајте го со вода, резултатот е неверојатен
Многу лесно, и што е најважно, сосема природно. Оваа година наместо да купувате бои за јајца, свртете се кон природните сoстојки. Освен зеленчук и овошје, можете да користите и зачини за бојадисување јајца.
Дали знаевте дека со помош на куркума можете да добиете убава жолта нијанса? Еве како:
Потребно (за три јајца):
– Јајца
– зачин куркума (две лажици)
– 7,5 дл вода
– Оцет
– Малку сол
- Измешајте го зачинот, зовриената вода, лажица оцет, малку сол и потопете ги јајцата.
2. Во сад со природна боја потопете ги однапред сварените јајца и оставете ги неколку часа да се впие бојата.
3. Потоа извадете ги јајцата и тапкајте ги со марамче.
4. Кога јајцата целосно ќе се исушат, намачкајте ги со масло за подобро да блеснат.
Колку подолго остануваат јајцата во бојата, толку поинтензивна ќе биде бојата.