МодаУбави совети
Ова е бојата што ќе ја сакаме за есен 2021 година
Новата сезона носи нови тонови и различни делови од гардеробата. Полека ни пристигна есента и во излозите на бутиците, па така веќе знаеме која боја ќе биде апсолутен хит оваа сезона.
Според она што можеме да го видиме, ќе се носат сите бои, но виолетовата и розовата се бои во кои ќе треба да имаме јакни, палта, панталони и други делови од гардеробата.
Ненадминливите класични костуми ќе станат главен моден тренд што ќе можеме да го носиме од утро до вечер. Се разбира, во мода остануваат широки и удобни модели.