МодаУбави совети
Оваа сезона се е шарено, но што е најпопуларно?
Уличната мода го најави овој моден тренд кој може да се опише со два збора – суптилен и впечатлив. Оваа сезона имаме можност да видиме парчиња гардероба нашарани во тенки линии. Така, шарената облека стана дел од секојдневниот стајлинг, а лентите се широки, впечатливи и во интензивни бои. Тие може да бидат исправени, хоризонтални, дијагонални, а на некои модели се комбинирани во сите правци. Застапени се на костими за капење, здолништа, фустани, фармерки или широки панталони, комбинезони, кошули, маици, летни шапки…
Оваа сезона сè стана шарено, но сепак најпопуларни се вертикалните линии, кои го издолжуваат телото и го прават потенко.