Оваа палата е една од ретките повисоки згради кои го преживеале земјотресот во Скопје од 26 јули 1963
Ристиќевата палата е изградена во 1926 г. по проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија, во Скопје, Македонија. Една е од ретките згради што во земјотресот во 1963 година не била оштетена.
Изградена е во 1926 година од страна на српскиот фармацевт Владислав Ристиќ. Во приземјето биле сместени деловните простории, а семејството Ристиќ живееле на погорните спратови
Архитектонскиот дизајн на зградата е на Драгутин Маслаќ, а Драгутин Станковиќ го изработил вајарскиот аспект на зградата
Оваа палата е една од ретките повисоки згради кои го преживеале земјотресот во Скопје од 26 јули 1963, кога речиси 70% од зградите во градот се уништени. Кога е градена оваа зграда, дизајнерите и архитектот биле свесни за сеизмичките услови, така што презеле соодветни мерки при градењето.
https://www.facebook.com/groups/patuvanjanizmakedonija/
Нина Дуковска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk