ЖивотУбави совети

Оваа грешка при готвењето ориз е фатална: Не сте ни свесни за последиците

Сите ние го готвиме оризот на ист начин, но овој метод може да доведе до бројни штети за организмот. Според експертите и новите научни истражувања, начинот на готвење во тенџере додека водата не испари никако не е здрав, бидејќи може да доведе до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес.

Овој метод може да биде недоволен за да се отстрани арсенот од оризот, кој содржи токсини и пестициди кои се наоѓаат во почвата. Така, арсенот се задржува во оризот.

Според советите, најбезбеден начин да се готви оризот е да го оставите во тенџере да отстои во вода преку ноќ, а потоа исплакнете го наутро, додека водата не стане бистра.

Присуството на арсен во храната го докажал Енди Мехарг, професор по биолошки науки, кој го тестирал варењето на оризот користејќи три методи.

Првиот метод
Професорот го тестираше највообичаениот начин на готвење. На еден дел од оризот ставил два дела вода, а откако водата испарила, нивото на арсен не се променило.

Вториот метод
На едниот дел од оризот полил пет исти делови вода. Вишокот го исфрлил откако го сварил оризот, па нивото на арсен било половина помалку.

Третиот метод
Оризот останал во водата преку ноќ, а нивото на отровните честички било за 80 отсто помало.

Поврзани статии

Back to top button