Од насУбави муабети
Онаму каде што има многу љубов, има многу грешки – каде нема љубов, се сите грешки!
Неколку мудри и поучни мисли кои ќе ви го олеснат животот!
- Најнесреќната желба е да посакаш да се допаднеш секому.
- Прави го тоа што треба да го правиш и ќе се случи се што треба да се случи.
- Големите желби треба да ги оствариш додека рамислуваш за малите.
- Не го знам решението, но му се восхитувам на проблемот.
- Треба да учиш и од непријателите.
- За да го видиш виножитото треба да го осетиш дождот.
- Не носи одлуки кога си лут. Не ветувај кога си среќен.
- Постојат желби во кои постои тајна надеж дека тие нема да бидат исполнети.
- Ако е тешко со пари, обидете се без нив.
- И нови шини може да доведат до застој.
- Онаму каде што има многу љубов, има многу грешки. Каде нема љубов, се сите грешки.
- Првиот впечаток за еден човек е најверодостоен, бидејќи сè уште не знае што треба да сокрие од вас.
- Она што не може да се поправи не треба да се жали.
- Никогаш нема да направите ништо ако чекате идеални услови.
- Човекот што седел на врвот на планината не паднал од небото.
- Понекогаш, за да продолжите да живеете, треба да бидете многу лути.
- Луѓето се како музички инструменти: нивниот звук зависи од тоа кој ги допира.
- Самопочитта е како долна облека: мора да се има, но не мора да се гледа.
- Ако волкот го изеде твојот непријател, тоа не треба да значи дека тој стана твој пријател.
- Ако се плашиш, не работи, а ако не, тогаш не плаши се.
- Ако се обидете, имате две варијанти: ќе успеете или нема да успеете. А ако не се обидете, тогаш една: нема да успеете.
- Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем, тоа е цена.
- Ако врската треба да биде тајна, не треба да бидете во неа.
- Ако не побараш, нема да добиеш.
- Кога се плашиш да не испаднеш наметлив испаѓаш рамнодушен.