Не оправдував неверство додека не го осетив на своја кожа…
Жените кои почувствувале на своја кожа како е да си изневерен одлучиле да ги споделат своите искуства со другите. Она што е особено впечатливо е женската интуиција, испитувањето покажало дека три четвртини од жените знаат дека нивните сопрузи ги мамат.
Кимберли од Хемпшир се исповедала јавно на британска веб-страница за тоа како дознала дека сопругот ја изневерува.
Се започнало кога сопругот на Кимберли станал незаинтересиран за нивниот сексуален живот, па таа почнала да се сомнева. Но, таа не сакала да го обвинува, па се обидела да заборави сè.
Сепак, тој поминал и повеќе време на работа и имал повеќе време за дружби со пријателите него за со неа, па Кимберли повторно почнала да се сомнева дека нешто се случува.
На крајот, таа отворено го прашала, и тој и ја кажал вистината: Се гледал со друга жена позади нејзиниот грб.
– Неговиот недостаток за интерес за секс не дојде одеднаш. Еден ден ќе водевме љубов, и следниот пат тој тоа го избегнуваше. Тоа беше првото нешто што го забележав. Сепак, тој беше мој сопруг и знаев како ќе ми беше мене тој да ме обвинеше за прељуба. Затоа се обидов да ги исфрлам тие мисли надвор од мојата глава. Сепак, тој сè почесто беше отсутен, па затоа бев сè поцинична и посомнителна – изјави Кимберли.
Уште една жена, Шерилин од Ковентри, сметала дека нејзиниот сопруг и таа се совршено среќни … И двајцата имаа пристојни работни места, поминувале време заедно, децата им биле среќни.
– Немав причина да се сомневам дека ме изневерува, а начинот на кој дознав беше комплетно клише. Живеевме во еден мал град и беше невообичаено да налеташ на непознат лик. И тоа се случи. Нашиот пријател го виде со друга жена. Бев шокирана кога ми го кажа ова, но прво мислев дека е колешка, клиентка, пријателка која не ја знам … Го проверив компјутерот, си ги потврдив сомнежите и му кажав сѐ. Зборувавме отворено, се држев дури и премнигу добро, и на крајот баравме на брачен советник “, рече Шерил.
Се покажа дека повеќето жени имаат шесто сетило кога се работи за овие работи, за разлика од мажите кои ретко може да почувствуваат потенцијален проблем.