ЖивотУбави совети
Нејзините пити се ремек дело кое остава без здив!
Инстаграм профилот на 31 годишната Лорен Ко е исполнет со неверојатно дизајнирани пити кои црпат инспирација од секојдневните предмети и настани околу неа. За неа повеќе може да се каже дека е уметница и дизајнерка отколку слаткарка. Вештината и деталите во нејзиниот дизајн може да укажуваат на работа на вистински готвач, но за Лорен, печењето пита започнало како хоби. Нејзината страница „https://www.instagram.com/lokokitchen/“ прерасна од хоби во онлајн феномен што го привлече вниманието и симпатијата на Марта Стјуарт и Опра. Потоа, Лорен одлучила да се откаже од својата работа и целосно да се посвети на нејзината страст.