Неодолива комбинација: кокос, мак и ванила!
Ако сте љубител на афион, задолжително пробајте го овој рецепт. Затоа што кога ќе премачкате бисквит од афион со фил од ванила и потоа ќе го посипете со кокос, ќе го добиете најдоброто задоволство досега.
Состојки за бисквит тестото:
6 јајца
200 гр путер
1 лажичка ванилин шеќер
1/2 лажичка прашок за пециво
180 гр шеќер
200 гр семе од афион
100 мл млеко
2 лажички рум
За фил:
500 гр крем сирење
200 гр шеќер во прав
1 кесичка пудинг од ванила
3 јајца
1 лажичка ванилин шеќер
1 лажичка сок од лимон
За декорација: кокос
Изматете го путерот и додадете ги жолчките.
Потоа додадете ванилин шеќер, млеко и рум. Продолжете да матите.
Изматете ги белките со шеќерот и додадете ги во смесата со афион.
Нежно промешајте.
Истурете во плех обложен со хартија за печење.
Во јајцата се додава пудингот, ванилиниот шеќер и се матат, па се додава шеќерот во прав и сокот од лимон, па повторно се соединува со миксер.
Смесата прелијте ја со крем сирењето и изматете.
Прелијте со афионот и печете на 175 ° C околу 45 минути.
Посипете со кокос.