Од насУбави муабети

Некои пријателства се осудени на вечност

Признајте, некое пријатели ви се повеќе и од роднини. Сигурна сум дека го имате и вие почувствувано она чувство, домашниот да не ти се најде ама пријателот да ти се најде за било што, било кога и било каде. Имам дома брат, со него сме како небо и земја, како исток и запад. Се сакаме, не сакаме несреќа да не снајде, не сакаме лошо еден за друг да слушнеме ама не си се наоѓаме. Но, затоа за моја голема среќа имам неколку пријатели, не многу на број, но вредни за милиони. Од сон кога ги будам, доаѓаат. Од трпеза стануваат, од среќен момент бегаат, мене тагата да ми ја тргнат. Исто и јас за нив. Тоа е взаемно, не велам не. Среќна сум што ги имам токму нив за најблиски. Оние лажните, ретко ги слушам, скоро и да не ги гледам. Се вадиме на муабетот, нели работа, врска, обврски и слично. Како тие со нас така ние со нив. И, далеку нека ми се.  Благодарна сум на Бог што не сум безобразна и користољубива, и што ми подари слични на мене и пријатели. А, различни сме една од друга до срж, секоја своја приказна е, секоја во свој свет живее, но секоја и секаде со себе ја носи искреноста и добрината. Некои пријателства едноставно се осудени на вечност!

Поврзани статии

Back to top button