Убави дестинации

Некогашното кралство – дестинација за вљубените

Ве носиме на најголемиот остров на Медитеранот.

На Сицилија ќе имате чувство како да се наоѓате на некоја друга планета. Поубава планета. Остров чии брегови излегуваат на три мориња: Јонско, Средоземно и Тиренско. Поради својата специфична местоположба подложен е на вулкански активности и земјотреси.

Сицилија некогашното кралство е остров на љубовта, песочните плажи, богата историја и култура, прекрасно вино и специфична вкусна кујна. Едно од оние места на светот кое ако еднаш го посетите ќе ви остане врежано во мислите и срцето. Најпозната е по одгледувањето на лимони и портокали. Како туристи најмногу ќе ве привлечат руралните делови на Сицилија кои го имаат задржано исконскиот начин на живот и преживување. На овој прекрасен отров се наоѓаат многу важни археолошки тврдини и локалитети. Две спротивности се карактеристични за овој остров. Северната страна која е стрмна и со поладна клима и море, додека јужната страна е потопла и плитка поради близината на Афричкиот континент.

Средоземната клима е преубава. Во летните периоди температурата не поминува повеќе од 40 степени, во зимните не помалку од 10 степени. Главниот град на Сицилија го носи името Палермо. Препознатлив е по градската галама, гужвата во сообраќајот, големата раздвиженост и убавата и необична архитектура која е збир од грчки, римски и арапски стил.

На целиот остров ќе имате можност да уживате во посета на убави цркви, манастири и катедрали. Не ја пропуштајте катедралата посветена на Богородица која е изградена во дванаесетиот век со специфична фасада и која важи за една од најубавите во Италија.

Поврзани статии

Back to top button