ЖивотУбави совети
Нека исончаниот тен ви трае преку целата година!
Единствената позитивна работа во врска со враќањето во реалноста по одморот е темниот тен кој гордо го покажуваме на сите и се трудиме да го задржиме што е можно подолго. Почитувајќи ги овие правила, задржувањето на бронзениот тен повеќе нема да биде толку тешко.
- Редовен пилинг на телото. Иако првата мисла е дека пилингот ја елиминира бојата која што ја добивме за време на летниот одмор, за долготраен темен тен, овој чекор е клучен. Површинскиот слој на кожата лупи на секои две недели, па затоа е важно да ги отстраните мртвите клетки за да навлезат сончевите зраци на кожата. На овој начин, ќе се одржи исончаниот тен, и ќе трае цела година. За убав тен правете пилинг на секои две недели. Можете исто така да подготвите пилинг со мешавина од шеќер и мед, кафе и маслиново масло или овесни снегулки и сол.
- Хидратација на кожата. Овој чекор е многу важен за добивање на рамномерна боја. Хранете ја кожата секојдневно, особено во периодот кога ќе поминете повеќе време на сонце. Посебно внимание посветувајте на деловите од телото што најмногу ви се суви. Тоа лесно ќе го забележите, бидејќи кожата на сувите места брзо го апсорбира млеко за телото.
- Избегнувајте туширање со топла вода. Долготрајниот туш со топла вода ја суши кожата, па затоа туширајте се со млака вода и хидрирачки гелови за туширање, ако сакате вашата кожа да го сочува исончаниот тен. Исто така избегнувајте производи за депилација базирани на киселина, бидејќи тие го отстрануваат слојот на кожата заедно со бојата.