Убави дестинации

Дестинација која нуди традиција, спокој и релаксација!

Убаво, мирно градче за вистинска релаксација. Ако ви недостасува мир во душата ова е иделна дестинација за вас. Со сигурност, во овој град ќе го пронајдете спокојот, ќе се потсетите на традицијата и ќе уживате во мирисот на прекрасното езеро! 

На југозападниот дел на Република Македонија во рамнината на Струшко Поле, на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското езеро се простира и мирно лежи прекрасната Струга. Во срцето на градот е целото случување, околу реката Црн Дрим, во чии глетки ќе имате можност да уживате. Во опуштена атмосфера, во некои од рестораните кои се на самиот брег од реката со прекрасна боја ќе може да ги вкусите струшките специјалитети, ѓомлезе, охридска пастрмка, јагула или совршено подготвената рибина чорба. Мали и нешто поголеми плажи на кои се наоѓаат убави кафетерии и ресторани нудат одлична услуга за своите посетители. Интересен ноќен живот, полн со душа. Места кои ви предлагаме да ги посетите:

  • Народниот музеј “Др. Никола Незлобински” кој бил формиран 1928 год.
  • Градската соборна црква Св.Ѓорѓи која е во центарот на Струга изградена 1835 год врз темелите на постара црква.
  • Во Струшкото село Калишта каде се наоѓа и прекрасниот манастир Калишта во негова непосредна близина, јужно од него, срасната со околните карпи, се наоѓа пештерската црква посветена на Св. Атанасиј Александриски.
  • Паркот на поезијата каде се наоѓа и црква со понов датум Св. Никола.
  • Мостот на поезијата каде секоја година во август се изведува завршниот дел од манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
  • Спомен-куќата на браќата Миладиновци која е изградена на темелите на нивната стара куќа.
  • Галеријата “Вангел Коџоман”, еден од најистакнатите современи сликари во Македонија.

Вљубете се во Струга, еднаш и уште еднаш, засекогаш! Уживајте во фотографиите од овој град кои едноставно речено се волшебни!

Фотографии: Дарко Матоски

Поврзани статии

Back to top button