ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {03.07-10.07}

Погледнете што вели хороскопот за неделата што следи.

ОВЕН

Оваа недела ќе се чувствувате доста уморно и без енергија. Потрудете се да внимавате на исхраната и да внесувате доволно течности во вашиот организам. Оние што се сингл оваа недела ќе остварат интересно виртуелно пријателство кое ќе ги натера да се надеваат на нова врска.

БИК

Биковите оваа недела ќе носат доста важни одлуки, па ќе бидат по малку напнати и уморни од размислување. Пробајте да го слушате разумот отколку срцето. Базирајте се врз рационалното, а не емоционалното. Внимавајте и на однесувањето. Не сакате дополнителни конфликти.

БЛИЗНАЦИ

Сингл претставниците на овој знак ќе влетаат во летни авантури. Некои од нив ќе прераснат и во врски. Бидете сигурни во вашите одлуки, бидејќи токму сега тие се вистинските. Обрнете внимание и на семејството и немојте да го запоставувате.

РАК

Раковите оваа недела ќе бидат максимални хедонисти и ќе уживаат во многу страст, храна, луксуз… Сега е вистинско време да заминете на одмор и да ги наполните батерии. Исклучете го телефонот и конечно опуштете се по стресниот период кој го имавте.

ЛАВ

Оваа недела нема да донесе ништо ново за вас. Ќе имате чувство дека сте заглавени во секојдневната рутина и дека сакате да избегате некаде далеку. Наместо да се депримирате поради тоа, потрудете се да ви биде забавно. Одете на пливање, најдете си хоби или излезете во локал каде што досега не сте биле.

ДЕВИЦА

Престанете толку многу да се грижите за другите и бидете малку себични. Наместо да се обидувате постојано другите да ги направите задоволни и среќни, поработете малку на својата среќа и задоволство. За да ги насмевнете другите, прво вие треба да сте насмеани. Практикувајте некоја физичка активност.

ВАГА

Изливите на бес и љубомора не се добри ниту за вашето здравје, ниту за вашата врска. Пробајте малку да се контролирате и да не правите драма од се. Сингл Вагите оваа недела максимално ќе се забавуваат надвор од домот и ќе се во потрага по нов партнер која за многумина ќе биде ептен успешна.

СКОРПИЈА

Скорпиите ова недела ќе размислуваат за промени. Некои конечно ќе се охрабрат да си дадат отказ од работното место кое само им создава стрес, други ќе се одлучат за нов имиџ, трети за промена на градот или земјата во која живеат. Ќе успеат во се што наумиле.

СТРЕЛЕЦ

Бидете смирени, дури и кога тоа ви изгледа како невозможма мисија, особено во деловните и семејните односи. Оние кои се во врска, ќе бараат утеха и поддршка во партнерот, но ќе имаат чувство дека не ја добиваат во посакуваната количина. Пробајте да се опуштите со масажи и медитации.

ЈАРЕЦ

Јарците кои се во врска ги очекува убава вест за веридба или принова. Оваа недела ќе биде период на многу прослави и здравици. Секоја ваша желба ќе се исполнува. Бидете фокусирани само на убавото, се друго ќе се реши со тек на време.

ВОДОЛИЈА 

Водолиите оваа недела ќе сакаат да бидат центарот на вниманието. Ќе организираат собиранки со пријателите, фамилијарни собири со пријателите, романтични излегувања со партнерот. Неделата ќе ви помине во многу забава, смеење до солзи и незаборавни моменти.

РИБИ

Ви се чини дека ништо не ви тргнува од рака, но не е се така црно како што мислите вие. Само треба да ги погледнете нештата од друга перспектива. Она што може да го решите, решете го, она што не можете, оставете го зад вас и не дозволувајте минатото да ви ја расипува сегашноста.

Поврзани статии

Back to top button