ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {31.07-06.08}

Што предвидува хороскопот за неделата што следува?

ОВЕН

Можни се мали промени на вашето поле за работа иако вашето работно место и понатака е стабилно. Кога станува збор за љубовта, можно е мало заладување на односите со саканото лице. Ќе имате проблеми со грбот, во вид на вкочанетост.

БИК

Ве очекуваат кавги и расправии со деловниот партнер, периодот нема да биде поволен. Во љубовта ќе ви се вратат некои стари проблеми, но без грижа, нема да биде толку сериозно. Можни се проблеми со кожата, во вид на алергии и егземи.

БЛИЗНАЦИ

Пристигнуваат пари од неочекуван извор. Не започнувајте нови активности на работното место пред целосно да ги завршите старите. Љубовните настани и хармоничните односи со партнерот ќе ја одбележат оваа недела.

РАК

Овој период е период за љубов, страст, средби и романтика. Нема да згрешите ако ги послушате емоциите. Идеално време е да работите со некој кој презема иницијатива. Не брзајте со одлуки во ситуации кои не зависат од вас.

ЛАВ

Ве очекуваат интересни ситуации на работното место кои ќе ве натераат да размислувате за усовршување. Ако имате недоразбирања со партнерот, оваа недела е вистинското време за да ги решите и тоа за време на викендот. Па, не двоумете се да испланирате бегство од градот.

ДЕВИЦА

Девиците оваа недела ќе се чувствуваат дека се во статус – кво ситуација и дека проблемите само се трупаат, а никако да се решат. Бидете трпеливи, времето ги има одговорите кои ви требаат. Потрудете се да бидете повнимателни на работното место.

ВАГА

Недостатокот на пари ве загрижува оваа недела, повеќе трошите отколку што заработувате, но, при крај на неделата ќе добиете пари кои не сте ги очекувале. Немојте да дозволите проблемите околу финансиите и работата да влијаат врз вашите односи со другите луѓе.

СКОРПИЈА

За многу Скорпии, неделава ќе биде период на прослави. Некои ќе се израдуваат на вест за брак, принова или подобро работно место. Споделете ја радоста само со блиските луѓе. Не сакате да сте тема на озборување. Бидете внимателни кому му ги доверувате вашите тајни.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете полни со енергија. На работа ќе немате премногу обврски, па слободното време искористете го за нови креативни идеи. На љубовно полето ве очекува многу интересна атмосфера со лицето кое ќе го запознаете преку пријател. Здравјето ви е одлично.

ЈАРЕЦ

Работите на професионално поле полека се подобруваат. Оваа недела можеби ќе имате можност да почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. Очекувајте подобрување на односот со вашиот партнер.

ВОДОЛИЈА

Имате некој проблем во семејството или некое несогласување на работното место, но иако ви изгледа дека тешко ќе се реши, со тек на време работите ќе си дојдат на свое. Со партнерот можеби имате различни гледишта за многу работи, но и двајцата сте согласни дека се движите во вистинската насока.

РИБИ

Поставеноста на планетите говори дека иако понекогаш сакате да бидете сами и да се изолирате од луѓе, во овој период ќе се поврзете со некого и тоа ќе трае уште долго. На финанскиски план работите се поволни. Ве очекуваат многу романтични моменти со саканото лице.

Поврзани статии

Back to top button