ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {21.08 – 27.08}

Прочитајте што предвидува хороскопот за неделата што следи!

ОВЕН

Оваа недела ќе бидете во конфликт со самите себе. Нема да знаете што сакате, а тоа дополнително ќе ве направи нервозни и раздразливи. Побарајте разбирање од вашите најблиски и потрудете се да поработите на самоконтролата. Не влегувајте во непотребни расправии.

БИК

Оваа недела ви се укажува голема животна шанса: некои ќе ја добијат работата од соништата, други пак конечно ќе направат голем чекор и ќе започнат сопствен бизнис. Сонувајте на големо, соништата се исполнуваат. Да не е така, не би ни сонувале. Конечно, ја имате силата за реализирањето на сите ваши желби.

БЛИЗНАЦИ

Ќе ви се вратат симпатиите кон некој поранешен партнер. Ќе сфатите дека во минатото сте направиле грешка затоа што сте напуштиле прекрасна личност поради амбициите. Дали е предоцна да се вратите чекор – два назад? Оваа недела, слушајте го срцето, тоа ги има сите одговори.

РАК

Оваа недела ќе се стабилизирате на финансиски план, па слободно почестете се со нешто, што одамна го посакувате. Кон средина на неделата, ве очекуваат пријатни моменти со колегите. Со нив ќе бидете со нив во добри односи, радосни, насмеани и исполнети. Обновете ја страста во врската.

ЛАВ

Ќе бидете малку повеќе зафатени во почетокот на идната недела, но тоа вам ќе ви одговара повеќе од било што. Направете ред околу вас и организирајте се што подобро. Измените кои ќе ги направите во својот живот, позитивно ќе влијаат на вашиот љубовен живот. Кон средината на неделата, ќе бидете во дилема дали сте на вистинското место на живеење.

ДЕВИЦА

Оваа недела ќе бидете посебно возбудени и позитивни, а можно е, тоа расположение некого во вашата средина, многу да го нервира. Не посветувајте внимание. Имате право да бидете среќни и не дозволувајте никому тоа право да ви го земе. На сред недела, подгответе се за некој ситен, но, непланиран трошок.

ВАГА

Почетокот на недела искористете го за планирање на одморот. Времето пред вас, исполнете го за размислување на саканата дестинација, друштво, но и трошоците. Од вторник па се до четврток, ве очекуваат многу деловни обврски, заради тоа, вашиот приватен живот ќе биде во втор план. На среќа, партнерот и семејството се трпеливи и имаат разбирање.

СКОРПИЈА

Цела недела ќе ве грижи проблемот на некој од членовите на вашата фамилија. Убаво е да бидете од помош, но не ги запоставувајте ни вашите лични обврски, желби и планови. Бидете искрени по прашањето за емотивните односи, за да се чувствувате добро. Кон крајот на неделата, љубовта ќе биде во прв план во вашиот живот.

СТРЕЛЕЦ

Неделата пред вас ќе почне добро. Очекувајте многу позитивна енергија и убави моменти кога е во прашање социјалниот живот. Ќе имате многу состаноци, како деловни и така приватни во вашиот распоред. Имате уште многу деловни обврски пред вас, така да не се опуштајте премногу. Запомнете, има многу луѓе кои сакаат да ви помогнат.

ЈАРЕЦ

Оваа недела почнува со недоразбирања во вашата работна средина. Потрудете се да ја цените својата работа и активирајте го прашањето за зголемување на платата или повисока функција. Вашите деловни соработници никогаш не биле толку многу одушевени со вас како личност. Одговорете на секој повик за дружење и деновите ви се гарантирано исполнети со забава и смеа.

ВОДОЛИЈА

Ќе се оптеретите со небитни детали, но на ваша среќа, ќе успеете ситуацијата да ја држите под контрола. Оваа недела, ве очекуваат романтични моменти кои долго ќе ги помните, особено ако во последно време ви недостасува нежност. Некои ваши ставови во однос кон парите, треба да се сменат. Можно е премногу да сте стегате и да штедите на себе.

РИБИ

Оваа недела упатете ја цела енергијата кон вашите најблиски. Потребна е и малку тактика, бидејќи е неблагодарно некого да советувате, а воедно да бидете критикувани. Бидете свесни за ова цело време, за да не нанесете повеќе штета отколку корист. Можно е да дојдете до некои важни информации за вашата работа и потрудете се да ги искористите на најдобар можен начин.

 

 

Поврзани статии

Back to top button