ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {18.06-24.06}

Што вели хороскопот за неделата што доаѓа?

ОВЕН

Оваа недела ќе се чувствувате доста уморно и без енергија. Потрудете се да внесувате што повеќе витамини, минерали и вода. На љубовен план не ве очекуваат некои големи промени, и најдобро е во овој период да уживате во сингл статусот. За некои Овни ова ќе биде и недела на себеиспитување.

БИК

Биковите оваа недела ќе ја добијат шансата на нивниот живот на деловно поле. Прифатете ја, бидејќи ќе ви озможи многу бенефиции. Потрудете се да ја контролирате љубомората бидејќи навистина немате причина за неа. Направете ги редовните лекарски прегледи.

БЛИЗНАЦИ

Оваа недела, Близнаците ќе бидат полетни како никогаш досега. Постојано ќе бидат во движење, забавување и дружење. Најдете начин само за подобра организација на времето како би стигнале навреме да ги завршите сите работни обврски. Оние кои се во брак, можно е да имаат мали несогласувања со партнерот.

РАК

Раковите ќе поминуваат што повеќе време со семејството и ќе сакаат да се изолираат од околината. Доколку е возможно, искористете ја оваа недела за летен одмор. Наполнете ги батериите и олабавате од стресот кој се насобрал последниве неколку месеци. Доколку сепак, останете на работното место, внимавајте да не направите некоја капитална грешка.

ЛАВ

Лавовите насекаде ќе се фалат со своите успеси. Внимавајте, има многу кои не ви посакуваат добро, а се во вашата блиска околина. Немојте да се дружите со завидливи луѓе. Мнoгу од сингл Лавовите ќе го променат својот статус, а оние во врска ќе се израдуваат на вест за бременост.

ДЕВИЦА

Бидете сконцентрирани што и да правите. На работното место, некој го следи секој ваш чекор. Потрудете се да бидете смирени и во најстресните ситуации, бидејќи може да зажалите за некои непромислени и избрзани фрази и дела. Девиците кои се во љубовни врски ќе се прашуваат дали тоа се вистинските. Можни се проблеми со притисокот.

ВАГА

Прекинете да пребирате и да им ги барате мааните на другите луѓе! Па, ни вие не сте совршени. Насочете се кон добрите карактеристики на партнерот и пофалете го, наместо да го критикувате како би избегнале кавги. Бидете внимателни и со зборовите бидејќи ненамерно може да предизивикате и конфликти на работното место.

 

СКОРПИЈА

Ќе се појави една личност од минатото која ќе ве стави пред важен тест од кој ќе зависат многу нешта во вашата иднина. Што и да одлучите, бидете внимателни. Секогаш кога добивате нешто, губите нешто друго. На работното место, ситуацијата може да биде напната поради недоразбирања и озборувања.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците оваа недела ќе се сомневаат во сите и во се, па дури и во сопствените идеи, размислувања и одлуките што треба да ги донесат. Немојте премногу да ве загрижува тоа, туку дајте му време на времето додека не се чувствувате сигурни и стабилни. Опуштете се со некое патување или квалитетен шопинг. Немојте да влегувате во непотребни расправии со саканите луѓе.

ЈАРЕЦ

Оваа недела ќе имате чувство дека наеднаш ви се натрупале многу проблеми и обврски. Организирајте се подобро и најдете начин да се олабавите од стресот. На љубовен план, ве очекуваат изненадувања кои ќе променат многу нешта. Препуштете се на моментите и уживајте во нив!

ВОДОЛИЈА

Водолиите ќе бидат збунети затоа што ова е период кога многумина од нив ќе носат важни животни одлуки. Побарајте поддршка од саканите. Слушнете и други мислења. Насочете ги мислите кон позитивни нешта и верувајте дека се ќе биде во ред. Многу од Водолиите токму оваа недела ќе одлучат да стапнат и на лудиот камен.

РИБИ

Оваа недела конечно ќе може да уживате во романтики по недоразбирањата со партнерот и љубовната ситуација ќе се промени. На работното место ве очекуваат нови идеи и предизвици кои пред да ги прифатите треба добро да ги анализирате. Немојте да бидете премногу еуфорични и да донесувате избрзани заклучоци и ветувања!

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button