ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {04.09 – 10.09}

Прочитајте што предвидува хороскопот за оваа недела!

ОВЕН

Оваа недела ќе имате драстични промени во вашето расположение. Час ќе се смеете, час ќе плачете. Потрудете се да поработите на самоконтролата, во спротивно ќе имате конфликти како дома, така и на работното место. Најдете начин за ослобдување од стресот и тоа што побрзо.

БИК

Биковите оваа недела ќе се занимаваат со финансиски прашања и ќе работат напорно за да ја подобрат ситуацијата на нивната банкарска сметка. На многумина од нив ќе им успее тоа. Други пак ќе се израдуваат на добивка од игри на среќа. Во љубовта оваа недела се ќе биде совршено.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците ќе се борат за своите права. Некои на работното место, некои дома. И ќе успеете во тоа, затоа што вашите аргументи и докази се доволно моќни. Сингл Близнаците ќе имаат многу понуди за состаноци, додека оние кои се во нестабилни врски ќе се одлучат на разделба.

РАК

Запомнете дека сите одлуки кои ги правите оваа недела се за подобро утре. Не се двоумете да го направите она што ви го вели разумот, колку и да сакате да го послушате срцето. Потрудете се да останете смирени и во најнапнатите ситуации и да размислувате со „студена“ глава. Енергијата ви е на ниско ниво, посегнете по витамини и минерали.

ЛАВ

Лавовите оваа недела ќе се чувствуваат изморено од се и сите околу нив. Бегство од градот, на некое мирно и тивко планинско место е совршен избор за полнење на батериите. Бидете внимателни на работното место, посебно доколу тоа вклучува ракување со машини. Не барајте премногу од партнерот и не го гушете со здодевни муабети.

ДЕВИЦА

Ова ќе биде недела која нема да донесе некои значајни промени за вас. Ситуацијата на работното место останува иста, колку и да сакате да ја променете. Во љубовта ве очекуваат мирни и релаксирачки моменти, а дома – мирна атмосфера која ќе ви го намали стресот. Најдете време за раздвижување и некоја спортска активност.

ВАГА

Започнува период кој за многу Ваги ќе биде од големо значање бидејќи ќе решаваат за големи и важни прашања како промена на работно место или мигрирање во странство. Објаснете им на луѓето кои ви значат зошто тие промени се добри за вас доколку сакате да наидете на поддршка и разбирање.

СКОРПИЈА

Контролирајте ја својата љубомора! Ризикувате да ја уништите вашата врска. Оние кои се сами, ќе запознаат интересна личност, но некои преставници на овој знак нема да и дадат шанса. На работното место, сконцентрирајте се и завршувајте ги обврските навреме доколку не сакате да се соочите со незгодни ситуации и нови проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците ќе блеснат оваа недела. На многумина им се насмевнува нова љубов. Искористете ги приликите за учење и усовршување. Никогаш не е доцна за да почнете со нешто ново или за промена на кариера, доколку она што моментално го работите, ви создава стрес.

ЈАРЕЦ

Јарците ги очекува интересен период исполнет со многу дружење и запознавање на нови луѓе. Некои од тие луѓе ќе бидат важни за понатамошниот тек на вашата кариера, па затоа бидете внимателни каков прв впечаток ќе оставите и запомнете дека секоја личност е важна. Можни се вртоглавици и главоболки. Направете крвна слика!

ВОДОЛИЈА

Водолиите оваа недела ќе размислуваат за реновирања, купувања на различни работи за домот и максимално ќе се посветат на подобрување на условите за животот, па некои од нив ќе ја запостават работата. На љубовен план ве очекуваат многу романтични денови и страсни ноќи. Не заборавајте на здравата исхрана!

РИБИ

Многу од претставниците на овој знак ќе се израдуваат на вести за свадба на нивни блиски членови на семејството. Некои ќе имаат и неочекувани финансиски добивки. Оваа недела максимално уживајте во убавите моменти со драгите луѓе и на кратко заборавате на се останато! Енергијата ќе ви биде на високо ниво, па искористете ја за активности во природа.

Поврзани статии

Back to top button