ЖивотУбави совети

Неделен ручек: Пилешко во рерна!

Потребно време за подготовка: 20 минути. Печење 35 минути. Оброк за четири лица.

Потребни состојки: 500гр пилешко бело месо, 200гр брашно, 2дл млеко, 3 јајца, 150гр лебни трошки, 100гр пченкарни снегулки, 100гр кашкавал, 1 лимон, 1 лажица мелен црвен пипер, црб бибер, сол и масло.

Во првата чинија ставете го мелкото, во другата мешавината од брашното и мелениот црвен пипер, во третата изматете јајца со три лажици масло. Пченкарните снегулки сомелете ги крупно, па измешајте ги со лебните трошки и со ренданиот кашкаваш, па ставете ги во четвртиот сад.

Пилешкото бело месо исечете го на тенки шницли и лесно истенчете ги со толчник.

Потопете ги во млеко, потоа во мешвината од брашно и црвен пипер, па во смеата од јајца и масло, а на крајот извалкајте ги во приготвената мешавина од лебни трошки.

Тепсијата обложете ја со хартија за печење и напрскајте ја со масло. Наредете ги на тепсијата приготвените шницли и одозгора попрскајте ги со масло.

Печете во загреана рерна на 200 степени додека не заруменат.

Печените шницли прелијате ги со сок од лимон и по желба послужете ги со салата или компири.

Поврзани статии

Back to top button