Убави вести
На 25.01.2019 година од 17:30 часот во Музеј на Тетово – „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“
Патувачката изложба под наслов „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ “TRANSCENDENT FEMINISM”, на уметницата Дороти Пачкова, имаат можност да ја погледнат и тетовчани, на 25.01.2019 година, од 17:30 часот во Музеј на Тетово.
Визијата на проектот е да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвара можности и сфери кои порано не постоеја, посебно отварајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап. Проектот го формираат концептуални фотографии, петнаесетина, на жена, во сите различни сценарија кој се дел од нејзиното секојдневие. Фотографиите ќе референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и реку перспектива на сингл мајчинство.
Фотографиите се свесно доведени до радикална асиметрија на нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно, матрикс.
Фотографиите се свесно доведени до радикална асиметрија на нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно, матрикс.