На кој комплимент жените не можат да останат рамнодушни!
Ќе излажеме ако кажеме дека комплименти не се посакувани и пријатни.
Нема жена која останува целосно рамнодушна кон прекрасен збор, упатен на нејзината сметка. А такви зборови, како што знаеме, има многу! Меѓутоа, во морето на комплименти кои може да се чујат, еден е омилен на сите жени!
Најдргиот комплиент на секоја зрела дама е младоста. Тој комплимент дури го засенува “колку многу си ослабнала”.
Една британска студија покажала дека дури 60% од испитаните жени сакаат да слушнат дека изгледаат помладо и дека тоа е комплимент кој им ја подигнува нивната доверба.
Дури 62% од испитаничките активно работат на забавување на процесот на стареење, користејќи различни начини и производи.
Изненадувачки е дека испитаничките со најголема самодоверба биле жени на околу 55 години.
Меѓутоа, многу е важно да ве потсетам дека младоста е во духот, па затоа, се додека сте среќни и спремни да работите, ќе бидете млади, без оглед на возраста!