Најчестите работи за кои се расправаат младите брачни парови
Колку и да сакате да верувате во совршенство, сигурно сте свесни дека не е сè розово во тој тим што го нарекуваме брак. Од моментот кога ќе кажете „ДА“, работите стануваат поинакви.
Покрај вашето, тука е и мислењето на вашиот сопруг, кое треба да го почитувате. Затоа, неизбежно е да има конфликти, бидејќи првите месеци и години на брак, всушност, се периоди на прилагодување. Во тој период, треба да научите да го споделувате животот со некого, но и да останете верни на себе, што не е лесно. Ако мислите дека расправиите и недоразбирањата се присутни само во вашиот брак, можеби ќе бидете изненадени но треба да знаете дека 9 од 10 парови се караат токму за овие работи:
- Распаравии околу времетраењето за подготовка за излегување. Можеби на партнерот му се потребни само 10 минути и останатите 15 минути додека ве чека за него се многу…
- Расправии за неспуштениот капак на вц школката, за расфрлениот веш или за растурената постелина на креветот…
- Тука се и температурните ратови. Доколку тој сака да е климата постојано вклучена а на вас не ви е топло мора да најдете компромис…
- Расправија околу спиењето. Едниот партнер сака да спие повеќе, другиот е ранобудник дури и за викенди.
- Расправија околу светлото во спалната соба…
Ова се толку банални расправии а сепак се расправии за кои мора да се најде компромис и да се разговара. Поделете ги обврските во домот, прилагодете се еден на друг, што поскоро тоа подобро за двајцата.