ЖивотУбави совети
Најчестите лаги кои ги кажуваат родителите!
Ако сте родител, ќе сфатите дека некои од овие реченици ги имате изговорено по кој знае кој пат.
Да, блиску сме, продолжи да одиш.
Дедо Мраз ги наградува само добрите деца.
Ако јадеш моркови, ќе можеш да гледаш и ноќе.
Ако не побрзаш, ќе одам без тебе.
Не седи толку блиску до телевизорот, ќе ослепеш.
Инекцијата не боли, само не се плаши.
Не смееш да лажеш оти ќе ти порасне носот.
Не излегувај надвор со мокра коса, ќе добиеш бронхит.
Не ја голтај мастиката, ќе ти се залепи за цревата.
Детството е најубавиот период од животот.
Мама и тато не се караат, само разговараат гласно.
Немој да ги оставаш последните залачиња, ќе те следи несреќа.
Не, не можеме да одиме по играчка. Не работат сега продавниците.
Од кафето расте опашка.