ЖивотУбави совети

Најлесниот рецепт за овошен тарт – брза подготовка

Подгответе овошен тарт. Уживајте во ароматичен десерт со шумско овошје кое ќе ви „подари“ големо количество неорганско железо, бета каротен и пектин, кои значително ќе ја подобрат вашата хранлива и здравствена состојба.

Потребно: 125 гр брашно, 50 гр шеќер, 50 гр путер, 15 мл слатка павлака (за тесто), 600 гр мешани шумски плодови, 100 гр кафен шеќер.

Подготовка: Брашното, шеќерот, слатката павлака и путерот се замесуваат да се добие хомогена смеса која треба да се обликува во тавче и да се пече на 200 степени целзиусови 5-7 минути. Фил: половина од количеството шумски плодови згответе со шеќер, на умерена температура, за да остане целото овошје. Наредете го овошјето преку тестото, а потоа ставете го остатокот од свежото овошје над него. Се пече 10 минути и се сервира топло или ладно, по желба со шлаг.

 

 

Поврзани статии

Back to top button