Највкусните салати со јајца
За време на велигденските празници, јајцата се неизоставен дел од трпезата. Освен добро познатите мимоза и цезар салата, ви предлагаме да пробате да направите некоја од овие салати кои воопшто нема да ви одземат многу време за подготвка и не ви се потребни премногу состојки. Ќе се изненадете од тоа дека и само со две – три состојки вашите салати ќе бидат ептен вкусни.
Салата со брокули
Исецкајте ги јајцата на ситни парченца, однапред обарената брокула исецкајте ја ситно, додадете малку балсамико, растопен путер, копар, нане и сол.
Салата со пченка
Пченката измешајте ја со издробени јајца. Додадете малку ситно сецкан кромид, павлака и мајонез. Зачинете со босилек и сол.
Салата со фета
За оваа салата потребни ви се јајца и варени компири. Компирите и јајцата изрендајте ги и додадете ја фетата. Додадете шафран.
Салата со кисели краставички
Ситно исецканите кисели краставички измешајте ги со изренданите јајца. Ставете малку маслино масло, сол и оригано.
Салата со пилешки чаден стек
Ситно исецканиот чаден стек измешајте го со јајцата. Настрана направете прелив за салата. Во една мала чинија измешајте црна бибер, сол, капка – две мед и малку сенф. Посипете со преливот.
Салата со моркови
Изрендајте ги морковите и јајцата. Зачинете со сол, црна бибер, вегета, киселина и масло.