ЖивотУбави совети

Највкусната салата со макарони, сланина и зеленчук

Доколку ги обожавате тестенините, не смеете да не ја пробате оваа превкусна салата со макарони, сланина и зеленчук.

Потребни состојки: 500 гр. тестенини, 200 мл. кисела павлака, 1 лажица мајонез, 100 гр грашок од конзерва, 100 гр пченка од конзерва, 100 гр. сланина, 1 пиперка, 4 шери домати, 2 главици бел лук, сол, црна бибер, оригано

Подгответе ги тестенините на стандарден начин, варејќи ги. Пиперката, доматите, сланината и лукот исецкајте ги. Измешајте ги павлаката и мајонезот, па додадете ги пиперката, лукот, грашокот и пченката. Кога тестенините ќе оладат, додајте им ги останатите намирници. Додадете сол, бибер и оригано и оставете ја салатата да се излади во фрижидер половина час пред сервирање.

Поврзани статии

Back to top button