ЖивотУбави совети

Научниците тврдат дека половина од вашите пријатели не ве сметаат вас за пријател…

Една неодамнешна анкета утврдила дека ние дури и не знаеме кои се нашите пријатели.

Само 50% од нашите пријателства се искрени, што значи дека 50% од луѓето што ги вклучуваме во нашите животи не нè искусуваат како нивни пријатели.

Анкетата вклучувала 84 испитаници на возраст од 24 до 38 години. Резултатите од истражувањето покажале дека повеќето луѓе претпоставуваат дека некој што го сметаат за пријател и нив ги смета за пријател. 94% од испитаниците сметале дека ќе им се возврати со иста мера.

Пак, истражувањето покажа дека половина од овие пријателства не се искрени.

Таквите резултати од истражувањето може да имаат врска со фактот дека многу од нас не се сигурни како всушност да го дефинираат пријателството.

Психолозите потврдиле дека постојат различни слоеви на пријателства, и дека не сите сме способни да ги развиеме сите слоеви на таков однос, па резултатите од истражувањето го имале овој исход.

Се верува дека секој од нас може да има до 5 блиски пријателства!

Поврзани статии

Back to top button