ЖивотУбави совети

Насмевки на сметка на политичари!

Ајде да се насмееме малку на сметка на политичарите со дневна доза вицеви! 

Влегува министерот во кабинет, ги гледа советниците и почнува да им се дере:
– Нели ви кажав, за време на работа пушењето е забрането!!!
– А кој работи?

Се враќа политичар дома и почнуда да ја бакнува жена му.
– Се е готово, ме избраа!
– Навистина? Да не лажеш?
– Не драга, веќе нема потреба.

Државен службеник се враќа дома и го дочекува бесната сопруга.
– Па добро, каде си до сега?!
– Извини, драга, не го слушнав будилникот.

Разговараат двајца службеници:
– Денес му поставив ултиматум на шефот: „Или ќе ми ја зголемиш платата, или ќе ја напуштам фирмата“.
– И, како заврши разговорот?
– Постигнавме компромис. Ниту тој ми ја зголеми платата, ниту јас ја напуштив фирмата.

Како се заколнуваат нашиве политичари?
– Ако лажам да не се мрднам од фотељава кај што седам.

Од кој дел на Центар доаѓате?
– Од Ресен.
– А зошто гласате во Скопје?
– Бев болен.

Со гордост може да кажеме дека невработеноста двојно се намали. Причина за тоа е иселувањето на пола од невработените во странство за да работат.

Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците и им наредил:
– Денес сe ќе правите рачно.
И тогаш сите извадиле по еден шпил карти.

Човек си оди накај дома, и крадец му става пиштол на глава и му вели:
– Дај ми ги твојте пари!
– Господине, јас сум важен член на владата на РМ!
– Епа во тој случај, врати ми ги парите!!!

Зошто нема сексање во државни фирми?
– Затоа што сите се роднини!

Поврзани статии

Back to top button