ЖивотУбави совети

Направи сам: Маска од банана за брз раст на косата!

За сјајна, долга и мека коса ве советуваме да направите домашна маска од банана. Оваа маска се подготвува супер лесно а со редовно користење ќе добиете долга, сјајна, здрава и мека коса како свила.

Чудесна маска за коса со банана.
Потребни состојки:

  • една зрела банана
  • 2 лажички кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • 1/2 чаша кокосово млеко или јогурт
  • 1 лажичка путер
  • 1 жолчка од јајце

Постапка:

Измешајте ги сите состојки, претходно изгмечете ја бананата. Можете исто така да ставите сè во блендер. Нанесете ја маската од корените до врвовите на косата, а потоа завиткајте ја косата во крпа или ставете капа за туширање. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа исплакнете и продолжете со вообичаената рутина за миење. Откако ќе ја исушите косата, ќе бидете изненадени од тоа како изгледа косата.

Ефекти од маската од банана:

  • длабоко ја хидрира косата
  • косата е мека, нежна и сјајна
  • го стимулира растот на косата
  • помага при наелектризираност
  • против испукани краеви

Поврзани статии

Back to top button